Connect with us

ЕСПН: Манчестер Јунајтед тргнува по незадоволниот Мбапе

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед е најновиот клуб кој се впушта во трката за Килијан Мбапе. Како што открива „ЕСПН“, раководството на „црвените ѓаволи“ ќе се обиде да направи мегатрансфер и да го доведе Мбапе кој е незадоволен во ПСЖ и бара да си замине.

Негова желба е да игра за Реал Мадрид, но во трката е и Ливерпул. Сепак, ПСЖ нема намера да го продаде ова лето Мбапе иако тој влегува во последната година од актуелниот договор со клубот. Сопствениците на Пари Сен Жермен се подготвени да ризикуваат и следното лето да го загубат како слободен агент, но оваа сезона тимот со триото Меси – Нејмар – Мбапе да се обиде да го освои трофејот во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови