
Македонскиот прволигаш Шкупи го ангажираше Ернест Ѓока за нов тренер. Поранешниот стратег на Шкендија сега ќе работи на Чаир и ќе се обиде да ја врати титулата во преостанатите пет кола од шампионатот.
Ернест Ѓока потпиша договор до крајот на следната сезона, со опција за продолжување и за уште една дополнителна година.

По официјалното претставување, новиот тренер Ернест Ѓока се сретна со својот стручен штаб и со фудбалерите, по што веднаш го одржа и првиот тренинг.
Ѓока, кој има големо искуство како тренер, во албанскиот фудбал раководел со екипи како Кукеши, Фљамуртари, Влазнија, Камза, Аполонија, Томори. Тој има искуство и во македонското првенство, а под негово водство тимот на Шкендија стигна до шампионска титула во сезоната 2020/21.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
