Connect with us

Ерменија треба да се нападне: Милевски во формација 4-2-3-1, со Јаховиќ во нападот

Продолжение на квалификациите за Светското првенство во Катар. На арената „Тодор Проески“ гостува Ерменија, а за македонскиот национален тим ова е како нов старт. Со нов селектор, Благоја Милевски, и без најдобриот во историјата Горан Пандев, кој беше фудбалска водилка на нашата репрезентација во изминатите две децении, а посебно во последните пет години.


По Европското првенство, реформи во селекцијата на Македонија, а во глобала, оној што во моментот недостасува е Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб.

Благоја Милевски форсира формација 4-2-3-1, а се очекува повратникот Адис Јаховиќ да биде најистурен во навалната линија, потпомогнат од Дарко Чурлинов и од Александар Трајковски на крилните позиции.

Алфа и омега во средниот ред треба да биде Елиф Елмас, кој одлично ја стартуваше сезоната во Наполи, а зад него ќе играат Енис Барди и Стефан Спировски. Бобан Николов веројатно ќе биде на клупата со оглед дека подолг период беше без клуб, а и се измачи со коронавирусот.

Четворката назад пред Столе Димитриевски е веќе стандардна, со Дарко Велковски и Висар Муслиу како централни дефанзивци, капитенот Стефан Ристовски на десната странична позиција и Езгјан Алиоски од левата страна.

Мечот меѓу Македонија и Ерменија се игра вечерва, на арената „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 20.45 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови