Connect with us

Ериксен: Сите мислат дека Германија лесно ќе нѐ победи, но јас не би се обложил на тоа

Кристијан Ериксен, кој на натпреварот против Србија стана рекордер по број на натпревари за националниот тим на неговата земја, верува дека “црвениот динамит” има сили да приреди изненадување и денес да го елиминира домаќинот Германија во осминафиналето, иако сите очекуваат дека Бундес-тимот ќе продолжи понатаму.

„Кога почнав да играм за националниот тим, изгледав како мало бебе – со повеќе коса и помалку брада. Многу сум горд на мојот рекорд за број на натпревари за националниот тим. Чувството е чудно, затоа што легендите на данскиот фудбал се толку многу. Да бидам на исто рамниште со нив, ќе биде нешто на кое ќе гледам со голема насмевка кога ќе остарам“, изјави Ериксен за рекордот.

„Се обидувам да бидам свој, како и досега. Не мислам дека сум се променил како личност и играч. Не мислам дека моето ниво паднало, но имајќи предвид низ што поминав и колку време не играв, навистина сум среќник. Работев напорно за да се вратам. Среќен сум од основната улога што ја играм и од мојот придонес за националниот тим. Секогаш сум се стремел кон тоа.

Сега не очекува елиминациски натпревар против Германија, и тоа во Герменија. Нема како да биде повозбудливо. Ќе играме опуштено, затоа што немаме што да изгубиме. Сите мислат дека веќе сме загубиле. Јас, сепак, немам трпение да им покажеме дека можеме да се справиме и со најдобрите. Сигурен сум дека ќе успееме“, изјави Ериксен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови