Connect with us

Ериксен се врати на тренинзите на Манчестер Јунајтед

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен се врати на тренинзите со првиот тим. Данецот беше надвор од терените од јануари кога заработи повреда на зглобот откако беше повреден во дуел со Енди Керол во натпреварот од ФА Купот против Ридинг.


Првичните проценки беа дека тој ќе биде на опоравување до крајот на април или почетокот на мај, но се чини дека играчот се опорави побрзо од очекуваното и сега продолжи со вообичаените тренинзи.


Има најави дека Ериксен би можел дури и да биде во составот за саботниот дуел со Евертон во Премиер – лигата. Враќањето на креативниот играч за врска ќе биде од голема корист за Манчестер Јунајтед и Ерик тен Хаг на крајот од сезоната. Доведен како негова замена во зимскиот преоден рок, Марсел Сабицер се претстави добро, но му недостига креативноста и генијалноста на Ериксен.


Во оваа сезона 31-годишниот Данец одигра 31 натпревар, на кои постигна два гола и имаше девет асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови