
Кристијан Ериксен ќе се врати во Милано следната недела, каде што ќе биде подложен на лекарски прегледи за да се утврди неговата здравствена состојба по срцевиот удар што го доживеа на мечот меѓу Данска и Финска на Европското првенство.
Ериксен колабираше и падна на теренот во текот на натпреварот во Копенхаген. Со брза интервенција на лекарите, животот му беше спасен, а тој се опоравуваше шест дена во клиниката од која е ослободен по закрепнувањето од операцијата со која му беше вграден дефибрилатор. За среќа, добро се опорави и според последните информации се чувствува добро.
Што ќе се случи со неговата кариера засега не е познато. Серија А, според протоколот ажуриран во 2017 година, го штити здравјето на фудбалерите и не дозволува да настапуваат со вградени дефибрилатори. Ериксен се уште е договорно обврзан со Интер и најверојатно нема да продолжи да игра за овој тим. Другите лиги во Европа немаат вакви забрани.
„Имаме голема почит кон Кристијан, прво како човек и дури потоа како фудбалер. Се надеваме дека тој целосно ќе се опорави и ќе оздрави. Тогаш ќе ги процениме работите од спортски аспект. Во моментов тие ни се чинат помалку важни“, изјави спортскиот директор Џузепе Марота.
Ериксен ќе пристигне во клубот следната недела за да се сретне со новиот тренер Симоне Инзаги и да се збогува со соиграчите. Нема да смее да тренира. Потоа ќе замине на тестови за да види дали и кога би можел да му биде изваден дефибрилаторот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
