
Кариерата на Хари Мегваер продолжува во надолна линија. Денеска и официјално беше објавено дека англискиот стопер веќе не е капитен на Манчестер Јунајтед. Мегваер за ова ја извести јавноста лично преку својот официјален Твитер профил.
„Менаџерот денеска ме информираше дека го менува капитенот. Ми ги објасни своите причини и иако лично сум крајно разочаран, ќе продолжам да давам сѐ од себе секогаш кога ќе го носам дресот на Јунајтед. Затоа сакав да искажам голема благодарност до навивачите на Манчестер Јунајтед за нивната брилијантна поддршка додека ја носев капитенската лента.
Од денот кога ја презедов улогата пред три и пол години, беше голема привилегија да го водам Јунајтед и тоа беше еден од најгордите моменти во мојата кариера. Тоа е една од најголемите почести во клупскиот фудбал. Направив сѐ што можев за да му помогнам на Јунајтед да биде успешен – на и надвор од теренот. Секогаш ќе му бидам благодарен на Оле Гунар Солскјаер што беше првиот што ми ја даде оваа одговорност и кој и да ја преземе, му посакувам успех и ќе му дадам целосна поддршка“, истакна Мегваер.
Тој можеби и ќе замине од „Олд Трафорд“, со оглед дека за него е заинтересиран Вест Хем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
