
Македонскиот репрезентативец останува во Белгија, но во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на Беверен. Неговиот досегашен клуб Вестерло се согласи на шестмесечна позајмица за офанзивецот.
„Даци ни се приклучува до крајот на сезоната како позајмен. Оваа сезона се покажа како важен играч за Вестерло со три гола во 13 натпревари. Верувам дека ќе биде големо засилување за нашиот тим“, заклучи спортскиот директор на Беверен, Том Ван ден Абиле.
Ердон Даци е дете на Вардар, од каде замина во Коњаспор, а од таму се пресели во Вестерло.
Минатата сезона имаше сериозна повреда, но се врати, па дури доби и повик во националниот тим Благоја Милевски.
WELKOM OP DE FREETHIEL, ERDON DACI!
— SK Beveren (@SKBeveren) February 1, 2024
SK Beveren rekent voor de rest van dit seizoen op aanvaller Erdon Daci (25).
Geel-blauw huurt de Noord-Macedonische spits een half seizoen van KVC Westerlo.
Lees meer: https://t.co/ws4fDgFuxr
🟡🔵 #wearebeveren pic.twitter.com/YWIPIlEUrh

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Халанд сака да си замине од Манчестер Сити?

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде новиот селектор на Бразил?
