Connect with us

Ерата на Бускетс е при крај, Португалец ќе го замени на „Камп Ноу“

Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс, многумина го сметаат за „срцето и душата“ на Каталонците повеќе од една деценија. Дефанзивниот играч од средниот ред е еден од највлијателните играчи на теренот, иако неговите перформанси често се занемаруваат.


Да се гледа Барселона без Бускетс е речиси незамисливо, но детето на Барса, сега има 34 години и наскоро би можел да го напушти „Камп Ноу“.

Договорот на капитенот истекува следното лето, а неговата замена би можела да пристигне од Англија. Како што пренесува каталонскиот „Спорт“, Барселона е во преговори со Португалецот Рубен Невеш, играчот на Вулверхемптон.

Неговото доаѓање е планирано на почетокот на следната година, а се уште не е познато колку Барса би платила на Вулвс за 25-годишниот играч од средниот ред, стандарден репрезентативец на Португалија и еден од најдобрите играчи во Премиер – лигата.

Менаџерот на „волците“, Бруно Лаге, неодамна изјави дека Невеш вреди „астрономски“ 100 милиони евра, но таа цена сепак е изгледа превисока за Барселона.

Договорот на Невеш истекува во летото 2024 година, а за него голем интерес покажа Арсенал. Сепак, се чини дека „топчиите“ сега се во преговори со Белгиецот од Лестер, Јури Тилеманс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови