
Фудбалерите на Челси го победија Сервет со 2-0 во првиот натпревар од плеј-офот на Конференциската лига и си обезбедија предност од два гола пред реваншот во Швајцарија. Иако гостинскиот тим имаше низа шанси, резултатот можеше да биде уште поубедлив за Челси ако публиката на „Стемфорд бриџ“ не беше сведок на едно од најбизарните промашувања во последно време. Она што обично се опишува како стопроцентна шанса или нешто што е невозможно да се промаши, го промаши Марк Гију (18).
Се играше 51. минута кога Гију забележа дека една враќање на топката кон голманот на Сервет не е доволно силна, па во спринт од својата половина на теренот се стрча кон неа и кон гостинскиот голман Џереми Фрик.
Голманот на Сервет прв стигна до топката, но наместо да ја исфрли и реши непријатната ситуација, се обиде да ја смири пред да ја подаде. Гију го искористи тој момент и го пресече додавањето, по што топката тргна кон празната мрежа на Сервет.
Без никого во кругот од пет-шест метри и сам пред празниот гол на околу шест метри оддалеченост, Гију конечно шутираше. Тоа го направи лошо и наместо право или малку надесно, ја упати кон левата статива, истата онаа во чија насока трчаше Фрик. Голманот на Сервет со лизгачки старт одбрани, а потоа и следниот обид на Гију.
Напаѓачот на Челси потоа шутираше уште еднаш, повторно безуспешно.
Marc Guiu 😳 missed the easiest goal😱#MarcGuiu #CHESER #ConferenceLeague #UECL #CFC #ChelseaFC #Chelsea #Servette pic.twitter.com/QwqanPBw34
— Aimal khan (@op39581) August 22, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
