
Македонскиот прволигаш Шкендија ќе го има на позајмица играчот од средниот ред Енур Тотре и во сезоната 2023/24. Тотре во Шкендија играше на позајмица во последните шест месеци, а стариот договор истече синоќа (31.08.2023). Знаејќи ја желбата на клубот да го задржи во тимот, веќе извесно време се водеа преговори за нов договор.
Разговорите со украинскиот клуб Ворскла се затворени со официјализирање на новата едногодишна позајмица. 26-годишниот фудбалер веднаш потпиша со Шкендија до 31.08.2024 година.
„Шкендија е мојот дом и за мене е чест и гордост да играм за овој дрес. Ценам што имаме договор, го сакаме клубот на високо ниво каде што бевме пред неколку години, зошто да не и повисоко и за тоа треба многу, многу работа. Знам дека нема да биде лесно, но со задоволство се согласив да бидам тука во оваа нова сезона кога верувам дека ќе го направиме првиот чекор кон преродбата на Шкендија на чело на домашниот фудбал“, изјави Тотре по потпишувањето на договорот за едногодишна позајмица од Ворскла во Шкендија.
Тотре израсна во фудбалската школа на Шкендија, а за првиот тим дебитираше како 17-годишник. Со Шкендија настапи во седум сезони и беше освојувач на три шампионски титули и два трофеи во Купот.
Во летото 2021 година потпиша со Тирана и на крајот на сезоната беше прогласен за шампион на Албанија, по што се пресели во Украина, во Ворскла Полтава.
Знаејќи ја ситуацијата со војната во Украина, во јануари 2023 година дојде во Шкендија на позајмица, а сега соработката продолжува и во следните 12 месеци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
