
Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ентони, се враќа во Англија за да и даде докази на локалната полиција во врска со истрагата за семејно насилство против него, пишуваат медиумите на Островот. 23-годишниот Бразилец е обвинет од три жени, од кои едната му е девојка, дека ги малтретирал.
Една од жените подоцна се откажа од своето сведочење. Потоа, „Олд Трафорд“ го суспендираше фудбалерот од тимот до расчистување на случајот на неопределено време.
Вчера тој беше пресретнат на аеродромот во Сао Паоло, каде што требаше да фати лет за Шпанија, а потоа и за Манчестер, каде што ќе треба да се сретне со претставници на локалните власти и да даде докази.
„Ентони е категоричен дека не направил ништо лошо и сака да седне со полицијата и да одговори на сите прашања што му се поставени. Тој нема што да крие и ќе обезбеди сѐ што ќе биде побарано од него, вклучително и неговиот мобилен телефон. Тој сака што поскоро да биде ослободен за да може што поскоро да се врати на теренот“, изјави извор близок до играчот за весникот „Сан“.
Најсериозни обвинувања упатува неговата поранешна девојка Габриела Кавалин, која тврди дека била нападната од него на 15 јануари. Фудбалерот категорично ги негираше тврдењата на жената во неколку наврати, вклучително и во телевизиско интервју.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
