Грчкиот клуб Олимпијакос се обидува да го доведе бразилскиот крилен напаѓач Ентони од Манчестер Јунајтед, објавува „Скај Спортс“. Тимот од Пиреја сака да го ангажира 24-годишниот играч на позајмица до крајот на тековната сезона.
Постојат големи шанси Антони да го напушти „Олд Трафорд“ во јануари, со оглед дека не е во прв план и кај Рубен Аморим, а за него се заинтересирани повеќе клубови. Олимпијакос се обидува да биде прв во трката за да го обезбеди неговиот потпис за остатокот од сезоната.
Ентони досега оваа сезона забележа 12 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, но успеа да постигне само еден гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













