Connect with us

Енис Барди во идеалниот тим на мундијалските квалификации

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е избран во идеалниот тим на мундијалските квалификации за Катар 2022. Одиличните игри што ги прикажа против Ерменија, кога постигна хет – трик, како и против Германија, кога забележа клучна асистенција, му донесоа место во најдобриот тим.

Фудбалскиот сајт „whoscored“ заслужено ја избра новата македонска „десетка“ во идеалниот состав на мундујалските квалификации од европската зона.

Барди е во друштво со врвни европски имиња како Роберт Левандовски и Хари Кејн, Мемфис Депај, Стивен Берхуис и Душан Тадиќ. Во одбраната се Жоао Кансело, Хари Мегваер, Вирџил ван Дајк и Јоаким Маеле.

На голот е чуварот на мрежата на Лихтенштајн, Бенџамин Бухел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови