
Македонскиот репрезентативец Енис Барди се приклучи на тренинзите со тимот на Леванте по повеќе од два месеци пауза поради болки во грбот поредизвикани од дискус хернија. Сега болките се минато и тој работи максимално за да се врати на теренот.
„Се чувствувам среќен во Леванте, сакам да се заблагодарам на клубот и на фановите за поддршката која ми ја дадоа во моментите кога паузирав. Работам напорно и блиску сум до кам – бек на теренот“, вели Енис Барди.
Тој е трансферна цел на англискиот премиерлигаш Њукасл, но во Леванте се чувствува одлично и би заминал само доколку за тоа се сложи и шпанскиот прволигаш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal