
Македонскиот фудбалски репрезентативец на одличен начин ја објасни работата која овде многумина ги „загрижуваше“, како фудбалерите со албанско потекло ќе играат во дресот на нашиот национален тим против Косово. Одиграа одлично, Македонија победи, а потоа и најмногу му се радуваа на триумфот.
„Јас сум Албанец, тоа никој не може да ми го одземе, но чест ми е да играм за Македонија. И во ниеден момент не сум помислил дека сум направил грешка на професионален план со одлуката да настапувам за македонската репрезентација. Никогаш сме немале никакви проблеми на оваа тема во националниот тим, сите сме единствени и сега сме на еден чекор до сонот, пласман на Европско првенство. Сите се надеваме дека ќе го добиеме мечот со Грузија и да влеземе во историјата на македонскиот фудбал“, вели Енис Барди во изјава за „Суперспорт“.
Не беше лесно да се биде Барди и да се игра против Косово. Добил и критики по мечот затоа што се радува на победата на Македонија.
„Не беше лесно, имав чудно чувство, но јас сум професионален фудбалер и секогаш го давам максимумот за тимот за кој настапувам. Имаше и такви кои се лутеа зошто сум се радувал дека Македонија оствари победа. Но, бев среќен и не ги разбирам таквите луѓе. Косово исто така има квалитетна репрезентација и посакувам во иднина да ги исполни своите цели“, изјави Барди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
