Connect with us

Емир Сахити му донесе триумф на Хајдук во дербито против Динамо (ВИДЕО)

Хајдук Сплит го доби хрватското дерби против Динамо Загреб со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Емир Сахити во 59. минута по прекрасна акција на домаќините во три потега. Асистент беше македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Хајдук не прикажа спектакуларен фудбал, но, сепак, успеа да стигне до посакуваниот триумф.
Александар Трајковски доби шанса за настап во победничкиот тим во второто полувреме. Аријан Адеми влезе во игра во 62.минута во тимот на Динамо, а Стефан Ристовски не играше поради повреда.

Со оваа победа Хајдук се врати на првото место и ја прескокна второпласираната Ријека. Динамо останува на третото место.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови