Connect with us

Емил Смит Роу опериран, ќе паузира до декември

Играчот од средниот ред на Арсенал, Емил Смит Роу, имаше операција на препоните и се чини дека ќе биде надвор од теренот до крајот на календарската година, објавија „топчиите“. Во соопштението се вели дека играчот од средниот ред имал мака со оваа повреда, а по натпреварот против Манчестер Јунајтед на 4 септември неговата повреда се влошила, поради што била потребна операција.


Емил Смит Роу моментно е во добра состојба и медицинскиот штаб на Арсенал очекува тој целосно да ги продолжи тренинзите во декември.

22-годишниот Англичанец сигурно ќе биде изоставен од составот на Герет Саутгејт за Светското првенство во Катар, кое ќе се игра од 20 ноември до 18 декември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови