
Фудбалерот на Вест Хем, Емерсон Палмиери, оваа вечер стана единствен во светот на фудбалот.
Италијанскиот лев бек ги одигра сите 90 и пол минути за Вест Хем и на тој начин му помогна на својот тим да дојде до европскиот трофеј, што значи и пласман во Лига Европа следната сезона.
Но, тој стана и единствена личност во светот на фудбалот. Имено, Емерсон е првиот играч кој некогаш ги освои сите три најважни европски клупски трофеи. Со Челси ги освои Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а сега пристигна и Конференциската лига со Вест Хем.
Но, и тоа не е сѐ. Тој е и првиот што ги собра сите трофеи под ингеренции на УЕФА. Кон гореспоменатите три награди се додаваат и Суперкупот на Европа и Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal