Шпанскиот клуб Вилјареал вечерва (21 часот) го пречекува Ливерпул во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите. Тимот на Унаи Емери има два гола негатива (0-2) по првиот дуел на „Енфилд Роуд“, а стратегот на „жолтата подморница“, Унаи Емери, верува дека неговиот тим може да стигне до сензација.
„Сè уште ништо не е готово, но ние мора да одиграме совршен натпревар доколку сакаме да се надеваме на сензација. Грешки не се дозволени. Мораме да ги пронајдеме слабостите во нивната игра. На првиот меч во Англија, речиси и да немаа грешки. Тијаго Алкантара одигра перфектен натпревар, а и Фабињо беше одличен. Но, сега ќе играме на нашиот стадион“, вели тренерот на Вилјареал во пресрет на вечерашниот реванш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













