Динамо Загреб загуби со 0-1 на „Максимир“ од Вилјареал во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа. Жерар Морено од пенал беше стрелец на голот на шпанскиот тим, а тренерот Унаи Емери е горд што на неговиот состав му успеа нешто што малку тимови го сториле претходно, да го победат Динамо во Загреб без примен гол.
„Задоволни сме, но и внимателни затоа што ова е само прв натпревар. Имаме минимална предност, но тоа што ќе играме дома и не дава некоја голема предност за реваншот. Знаеме дека ќе нема публика, исто како и во Загреб. Динамо елиминираше навистина сериозни тимови и затоа пристапот мора да биде максимален. Ќе мора повторно да дадеме се од себе ако сакаме да успееме. Мислам дека тука успеавме да ги сопреме брзите додавања на противникот во средниот ред, ги неутрализиравме Адеми и другите играчи за врска и тие не можеа да го покажат нивниот целосен потенцијал. Динамо Загреб е многу талентирана екипа, ако им дозволите можат да одиграат фантастично“, изјави Унаи Емери.
Реваншот меѓу Вилјареал и Динамо Загреб ќе се одигра следниот четврток на „Естадио де ла керамика“.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












