Connect with us

Елмас во Лајпциг ќе заработува 3 милиони евра по сезона, Наполи ќе добие 25 милиони евра

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на почетокот на 2024 година прави трансфер во бундеслигашот Лајпциг. Гуруто за трансфери, Фабрицио Романо, го потврди овој трансфер истакнувајќи дека Лајпциг ќе плати отштета од 25 милиони евра, а Елмас до крајот на оваа година треба да ги мине лекарските прегледи, по што и официјално ќе стави потпис на договор до 2028 година.

Според италијанските медиуми, Елмас во Лајпциг ќе заработува речиси двојно повеќе, годишно на неговата сметка ќе легнуваат 3 милиони евра. Тој треба да биде замена за легендарниот играч на Лајпциг, Емил Форсберг, кој се сели во МЛС – лигата на САД.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови