
Наполи беше во загубена ситуација на гостувањето кај Лестер, губеше со 2-0, но потоа во игра влезе Елиф Елмас и работата тргна на подобро. Ајозе Перез во деветтата минута и Харви Барнс во 64.минута донесоа предност за Лестер, но Виктор Осимен со два гола во 69. и во 87. минута израмни на 2-2. Елмас доби половина час во тимот, но кога Наполи го играше најдобриот фудбал на овој меч.
Монако го совлада Штурм со 1-0, со голот на Крепин Дијата во 66.минута, а Лион оствари триумф (0-2) на гости против Глазгов Ренџерс.
ПСВ и Реал Сосиедад ремизираа 2-2, а Ајнтрахр Франкфурт и Фенербахче одиграа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski