Connect with us

Елмас со нов имиџ, Аталанта го победи Наполи (ВИДЕО)

Аталанта го победи Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол со 2-3 и ги симна „наполитанците“ од врвот на табелата во Серија А. Сега тимот на Лучијано Спалети е на третата позиција со 36 бода и заостанува два бода зад Милан и еден зад Интер. Во трката за „скудетото“ се вклучи и Аталанта која има 34 бода на четвртото место.

Елиф Елмас одигра цел меч и има нов имиџ, ја скрати косата, но тоа не донесе среќа за Наполи.

Аталанта најави дека е заинтересирана за триумф со голот на Руслан Малиновски во седмата минута. Но, Зиелински израмни до полувремето, а на самиот почеток на вториот дел Мертенс направи пресврт.

Сепак, гостите не се предадоа. Демирал во 66.минута успеа да израмни, а само пет минути подоцна Фројлер уште еднаш го изненади Давид Оспина и донесе триумф за Аталанта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови