Connect with us

Елмас: Распадори ми должи 500 евра, за асистенцијата против Јувентус

Наполи е во исчекување на прославата на шампионската титула која во Неапол се чека од ерата на Марадона. Во оваа нова ера еден од важните играчи е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.


Викендов на мечот со Салернитана „наполитанците“ би можеле да слават титула, ако победат, а Лацио не го победи Интер во Милано, па атмосферата секако е веќе славеничка.

Се јави и Елмас со интересна изјава за Распадори.

„Пред натпреварите секогаш му велам на Распадори, вечерва ќе ти асистирам, а ти потоа ќе ми дадеш 500 евра. Му асистирав против Јувентус, но сè уште ги чекам парите“, се почегува Елиф Елмас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови