Connect with us

Елмас: Првпат играв „лажна деветка“, дуелот со Милан ќе се решава на реваншот

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговиот тим Наполи загубија со 1-0 на „Сан Сиро“ од Милан во првиот меч од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите. Тој за првпат играше „лажна деветка“ и доби пофалби од тренерот Лучијано Спалети за неговите движења, посебно во дефанзивата.


Сепак, Елмас е разочаран од судењето на овој меч и најавува дека дуелот ќе се решава на реваншот, на стадионот „Диего Армандо Марадона“ пред фановите на Наполи.

„Првпат играв на оваа позиција и мислам дека беше добро. Одигравме добар натпревар, но, сепак, имаме негатива, и ќе треба играме вака, а и уште подобро на реваншот пред нашите гледачи. Знаевме дека нѐ очекува тежок меч против Милан, тие се сепак актуелни италијански прваци“, изјави Елмас.

Елиф Елмас имаше една голема шанса со удар со глава од 15 метри, а најдобар играч на Милан беше голманот Мајк Мењон.

„Имавме шанси, но не постигнавме погодок. Мислам дека тренерот Спалети ќе смисли нешто добро за реваншот. Навистина не знам што би кажал за судењето. Сите фудбалери на Наполи добија жолти картони, Ангиса беше исклучен, а за исти стартови домаќинот не беше санкциониран. Но, наше е да гледаме како ние играме и ќе се фокусираме на тоа. Сега нѐ очекува меч во Серија А, а потоа и реваншот со Милан во Неапол“, истакна македонскиот репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови