
Млади, талентирани и успешни. Македонци кои можат да се носат и со најдобрите во Европа. Такви фудбалери ни недостигаа можеби во минатото за да направиме успех, сега, за среќа ги имаме во националниот тим. Еден од нашите најголеми адути секако е Елиф Елмас.
„Македонија може да направи големи работи на ЕП. Пред овој циклус имавме добри настапи, но, на настанот ќе има доста работа и многу новитети за нас, па ќе мора пак да се докажуваме. Ќе мора да покажеме дека не сме туку-така пласирани на ЕП и дека сме таму само да се „прошетаме“. Ние ќе играме со големи репрезентации, ама веруваме во позитивен резултат. Одиме на ЕП да ја поминеме групата“, порачува македонскиот „дијамант“.
Подготовките за Европското првенство ќе бидат напорни, но свесни се дека тоа е потребно за нов блесок на Македонија на меѓународната сцена.
„Ова е нешто големо, ова е нешто неверојатно. Ова е за цел народ. Ова е за нашата држава Македонија. Има и мала трема, но јас велам ако нема трема не можеш ни да го дадеш најдоброто од себе. Знаеме што направивме до овој момент, но, продолжуваме да работиме исто како и претходно, затоа што сите размислуваме на што е можно поголеми успеси. Три месеци размислувам само за ЕП, откако дојдов во хотел, се оставив на страна. Само репрезентацијата ме интересира. Ова е животна желба на секој играч. Доаѓаме од мала држава, ова е нешто големо за сите и целиот наш народ. Се разбира дека имам и мала трема, но јас велам дека оној кој го сака фудбалот мора да има некое жарче во него кое гори за да сака повеќе. Играме за државата во која сме родени, во која сме израснале и сме направиле многу. Кога ќе видиш дека си го направил целиот народ горд, тоа ме прави уште посреќен“, изјави Елиф Елмас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
