Елиф Елмас како признание за извонредната година и низата одлични настапи на клупски и на репрезентативен план заслужено ја доби наградата за најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство, на церемонијата што вечерва се одржа во организација на ФФМ.
„Ова е моја трета година како сум дел од најдобрите. Среќен сум што ја добивам оваа награда, се надевам дека ќе ја оправдам со уште подобри изданија. Благодарение до ФФМ за укажаната доверба, би сакал на сите да им ги честитам празниците и да им посакам многу среќа и здравје во годината што следи“ – изјави Елмас откако ја доби наградата од Николче Новески.
Воедно, награда за посебен придонес за македонскиот репрезентативен фудбал на вечерашната церемонија доби и десниот бек на Спортинг Лисабон и на националниот тим, Стефан Ристовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













