
Македонија освои бод на гостувањето во Љубљана против Словенија, но репрезентативците сметаат дека можеа да остварат и триумф против „дежелата“. Младиот Елиф Елмас овојпат беше стартер во составот на Игор Ангеловски, одигра квалитетен меч, но жали за пропуштената можност за втора победа во квалификациите.
„Словенците први поведоа, но ние имавме неколку одлични шанси во првото полувреме. Можевме и први до водство, а потоа домаќинот ја искористи својата шанса. Но, ние се вративме на почетокот на вториот дел, игравме навистина добро, и можеме да жалиме што не освоивме три бода во Љубљана. Сепак, ова е само почеток на квалификациите, верувам дека на секој нареден натпревар ќе бидеме подобри и дека ќе ја победиме Словенија на арената „Филип Втори“ во Скопје“, изјави Елиф Елмас по дуелот на „Стожице“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal