Connect with us

Елмас: Лајпциг е вистинскиот избор за мене, сакам да го елиминираме Реал Мадрид од ЛШ

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е нов фудбалер на германскиот бундеслигаш Лајпциг. Во својата прва изјава по официјалното објавување на трансферот, „дијамантот“ потенцираше дека сака со својот нов клуб да го елиминира Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.


„Да се ​​преселам во Бундес-лигата и да се приклучам на Лајпциг е работа од соништата за мене. Клубот е познат по посебниот фудбал што го играат. Сакаат „гегенпресинг“, играат со силни темпо и имаат квалитетен напад. Сето тоа ми одговара. Тимот е одлична мешавина од млади таленти, кои можат многу да се подобрат овде, и играчи кои искусиле и постигнале многу во нивните долги периоди во клубот. Затоа преселбата во Лајпциг е вистинскиот чекор за мене и со нетрпение очекувам да се сретнам со сите во јануари.

Лајпциг се етаблира како еден од врвните тимови во Бундес-лигата и за многу краток период стана големо име во европскиот фудбал. Кога разговарав со Рувен Шредер и Марко Росе, многу брзо сфатив – сакам да играм за овој клуб!

Имаме незгодна втора половина од сезоната. Сакам да помогнам да останеме во врвот на Бундес-лигата и да го изненадиме Реал Мадрид во Лигата на шампионите“, изјави Елиф Елмас.

24-годишниот фудбалер потпиша четири и пол годишен договор до јуни 2028 година и ќе го носи дресот со број „6“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови