Наполи доживеа непријатен пораз (0-1) од Емполи на домашен терен, а малерот да биде поголем остана и без македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Тој мораше да биде заменет пред крајот на мечот, а првичните анализи покажаа дека има повреда на мускулот.
„Елиф Елмас има траума на мускулот на десната нога. Зиелински мораше да биде заменет поради проблеми со дишењето. Тестовите извршени врз него дадоа негативен резултат“, објави Наполи за своите фудбалери по вечерашниот дуел со Емполи.
Во текот на утрешниот ден Елмас ќе ги мине деталните лекарски прегледи по што ќе биде познато и колку долго ќе мора да паузира од фудбалските терени.
За очекување е по утрешните детални прегледи да биде обелоденето и колку долго Елмас ќе отсуствува од фудбалските терени.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski