Connect with us

Елмас има мала повреда, неизвесен е за мечот против Аугсбург викендов

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас има мала повреда и неговиот настап за Лајпциг на мечот против Аугсбург овој викенд е неизвесен, објави клубот.

Елмас се здобил со удар во пределот на мускулот, потоа пропуштил еден тренинг на Лајпциг, па неизвесно е дали воопшто ќе се најде на поширокиот список на играчи на тренерот Марко Росе за дуелот со Аугсбург.

Елмас не игра многу на почетокот на сезоната, а оваа повреда уште малку повеќе ќе го оддалечи од тимот. Најавите се дека повредата не е сериозна и дека Елиф Елмас ќе биде способен за настап за македонската репрезентација на дуелите со Летонија и Ерменија во Лигата на Нации, кон средината на октомври.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови