Connect with us

Елмас: Играме за да ги оствариме не само нашите, туку и сништата на сите деца од Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија го заврши септемврискиот циклус со убедлива победа од 5-0 против Лихтенштајн во квалификациите за СП 2026 на „Тодор Проески“.

Стрелецот на првиот гол, Елиф Елмас, по мечот истакна дека триумфот е повеќе од заслужен.

„Заслужено победивме. Знаевме колку овие три бода ни беа важни. Се надевам дека ќе продолжиме вака и во наредните натпревари, без разлика на тоа што не чекаат потешки предизвици. Сонуваме за пласман на Светското првенство и со ладни глави ќе продолжиме да го оствариме тоа“, рече Елмас.

„Даваме максимум не само за нашите соништа, туку и за децата кои сакаат да станат фудбалери. Тие нѐ инспирираат, а ние треба да бидеме поттик за нив. Тимот е одличен, селекторот квалитетен и играме како едно големо семејство. На вистински пат сме и се надеваме дека ќе ја израдуваме нацијата со пласман на мундијалот“, додаде фудбалерот на Наполи.

Следните предизвици за Македонија се гостувањето во Белгија и домашниот натпревар против Казахстан во октомврискиот прозорец.

Фото: ФФМ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови