Фудбалската репрезентација на Македонија има водство од 1-0 против Лихтенштајн во Скопје во петтиот меч од квалификациите за Светското првенство.
Елиф Елмас блесна во 15, минута направи вистинско ремек-дело. Со фантастична соло-акција, Елмас се прошета низ одбраната на гостите, ги остави зад себе четворица дефанзивци и со силен и прецизен удар ја испрати топката во нивната мрежа.
Овој погодок е негов втор против Лихтенштајн во репрезентативниот дрес, а вкупно 14-ти за Македонија.
Македонските фудбалери во првото полувреме целосно ја контролираа играта и создадоа неколку можности, а се очекува во продолжението да ја потврдат својата надмоќ со сигурен триумф.
Фото: ФФМ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













