
Креаторот на победата на Македонија против Летонија од 3-1 во првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2020, Елиф Елмас без размислување двата свои погодоци ги посветува на капитенот Горан Пандев како подарок за неговиот јубилеен 100-ти настап во репрезентативниот дрес.
„Среќен сум поради триумфот на Македонија, а двата гола му ги посветувам на Горан Пандев. Голема чест ни е на сите што сме дел од селекцијата која тој ја предводи како капитен. Одигравме квалитетен меч, бевме подобри и заслужено победивме. Се надеваме дека ќе продолжиме во ист стил и на наредните натпревари. Веќе на следниот меч против Словенија во Љубљана мора повторно да го демонстрираме нашиот квалитет“ – ни изјави Елмас по натпреварот на „Филип Втори“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
