Connect with us

Елмас беше стартер во ремито на Наполи со Ајнтрахт, Арсенал лесно ја освои Прага (ВИДЕО)

Наполи и Ајнтрахт Франкфурт ремизираа без голови на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во тимот на Антонио Конте, одигра одличен меч и беше еден од најдобро оценетите играчи кај Наполи.

Арсенал лесно излезе на крај со Славија Прага и на гости славеше со 0-3. Букајо Сака од пенал го отвори резултатот во 32.минута, а во второто полувреме двоен стрелец беше Микел Мерино.

Арсенал има максимални 12 бода по четири натпревари во елитното европско клупско натпреварување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови