Connect with us

Елиф Елмас меѓу десетте млади ѕвезди што треба да блеснат на ЕВРО

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна прекрасен гол против Словенија во ремито (1-1) на Националната арена „Тодор Проески“. Тоа беше првиот од двата пријателски натпревари што нашиот национален тим ќе ги има пред заминувањето на Европското првенство. Вториот е в петок, кога ќе ни гостува Казахстан.

Елиф Елмас ширум Европа веќе го најавуваат како една од младите ѕвезди која треба да го одбележи ЕВРО. Офанзивецот на Наполи е вброен меѓу десетте најдобри млади фудбалери во Европа кои секако треба да остават белег на големото натпреварување.

Британскиот „Дејли Мејл“ ја пренесува и изјавата на селекторот Игор Ангеловски за Елиф Елмас дадена веднаш после неговиот трансфер во Наполи.

„Среќен сум што Елмас е во голем клуб како Наполи. Се надевам дека тој ќе се развива уште повеќе во националниот тим. Ова го велам затоа што очекувам многу од него, тој може да биде лидер“, предвиде Ангеловски. Неговите предвидувања веќе се остваруваат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови