Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по вторпат го победи коронавирусот. Тој по неколкудневна самоизолација конечно доби два негативни теста и може да ја напушти Македонија и да замине за Неапол.
Елмас беше позитивен на тестирањето пред заминување за Италија и мораше да остане во изолација. Но, сега конечно е негативен на Ковид-19 и може да им се врати на редовните клупски обврски.
Во Наполи владее вистински ковид-хаос, заразени се голем број фудбалери и тренерот Лучијано Спалети, па неизвесно е дали воопшто тимот ќе добие дозвола од општинскиот кризен штаб да патува на дербито против Јувентус во Торино.
📌 Eljif Elmas ha effettuato un tampone molecolare che ha confermato la negatività al Covid-19. La stessa era già stata riscontrata in Macedonia ieri prima del rientro in Italia. pic.twitter.com/CMb76SkrFK
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) January 5, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal