
Во недела, Барселона ќе го пречека Реал Мадрид на “Камп Ноу”, на натпреварот од 10. коло од Ла Лига. Ова ќе биде нивна 247-ма севкупна средба.
Лионел Меси е играчот со најмногу голови на “Ел Класико” во историјата, со вкупно 26 погодоци. Меси има постигнато 18 гола во Ла Лига, шест во Суперкупот на Шпанија и два во Лигата на шампионите на УЕФА. Тој го држи и рекордот на најмлад играч кој се запишал на листата на стрелци на еден “Ел Класико” натпревар.
Првиот гол на Аргентинецот во познатото дерби се случи на 10 март 2007 година, кога тој имаше 19 години и го имаше своето деби за Ел Класико. Освен тоа, напаѓачот го постигна својот прв хет-трик во дресот на каталонците токму против екипата на Реал Мадрид. Тој подоцна додаде уште еден хет-трик, а дури трипати постигнал два погодоци на еден натпревар против “кралскиот клуб”. Покрај тоа, сега 34-годишната ѕвезда се води кај најуспешниот стрелец на вечното дерби во 21 век.
Само Меси, Кристијано Роналдо и Луис Суарез имаат постигнато повеќе од 10 погодоци на “Ел Класико”, и покрај тоа што тројцата повеќе не учествуваат во големото дерби. Инетресен факт е и што Жозеп Самитиер е единствениот играч на листата на најдобри стрелци на “Ел Класико” кој некогаш заиграл и за Барселона и за Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
