Србија неславно го заврши настапот на Европското првенство во Германија. Се надеваа најмалку на осминафинале, но се вратија дома по три натпревари.
Започна со минимален пораз од Англија (0-1), но надежта ја врати бодот против Словенија (1-1), освоен со голот на Лука Јовиќ во 95. минута. Натпреварот на одлука против Данска беше премногу слаб, а 0-0 не беше доволно за „орлите“ да продолжат понатаму.
Во Србија владее целосен распад на системот по неуспешното Европско првенство.
Според српски „Телеграф“, во Германија се случил голем скандал пред натпреварот со Данска. Голманот на Србија, Вања Милинковиќ-Савиќ, и еден навивач се степале во кафана.
„Иако селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, повеќепати истакнуваше дека не биле забележани никакви инциденти во таборот на „орлите“ за време на Европското првенство во Германија, „Телеграф“ ексклузивно дознава дека токму пред натпреварот со Данска, во кафана во Минхен, голманот на „орлите“ Вања Милинковиќ-Савиќ се степал со еден српски навивач,“ стои во текстот на српскиот таблоид.
„Што правиш ти тука? Треба да бидеш во карантин, а ти пиеш!“ наводно му дофрлил навивачот на голманот на Србија, на што овој веднаш возвратил и започнал физичка пресметка, која обезбедувањето успеало да ја смири.
Сопственикот на кафаната, контактиран од „Телеграф“, даде нешто поинаква верзија на настанот.
„Вања дојде во нашата кафана, но обезбедувањето на влезот не го препозна и не сакаше да го пушти внатре бидејќи беше во шорц од репрезентацијата, што го налути и дојде до расправија. Јас се вмешав, го фатив за рака и му реков да влезе со мене, но тој одби. Сè се случи во дворот на локалот. Што му дофрлувале и што меѓусебно си кажувале, не слушнав. Драго ми е што на крајот сè се реши“, изјави сопственикот на кафаната.
Валканиот веш излегува на површина, а во меѓувреме интензивно се бара нов селектор. Најверојатно еден од кандидатите е Јоаким Лев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski