Connect with us

Екс-репрезентативец на Словенија си ја убил сопругата

Голема трагедија се случи во Дравоград. Поранешен словенечки репрезентативец ја убил сопругата Сабина и им ги уништил животите на малолетните деца. И покрај досегашната забрана за влез, поранешниот словенечки фудбалски репрезентативец Роберт Певец (38) дошол во домот на својата партнерка (33) која ја убил иако полицијата се обидела да ја спаси.


Роберт е фудбалер кој пред 21 година настапуваше за словенечката репрезентација. Двојката има две малолетни деца, кои сега се практично на улица.

Нивните соседи за весникот „Вечер“ изјавија дека во куќата во моментот на убиството биле децата. Соседите додаваат дека никогаш немале проблеми со семејството. Не се знае каде се сега децата.

38-годишникот е во притвор од саботата вечерта и во рок од 48 часа ќе биде изведен пред истражен судија поради сомнение дека сторил кривично дело убиство.

Роберт Певец се прости од фудбалот во 2019 година. Кариерата ја започна во родниот Дравоград, потоа играше во Австрија за Блајбург и Руден, а во 2018 година се врати во Словенија.
Во словенечките медиуми може да се прочита дека со тепање и давење ја убил сопругата Сабина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови