
На поранешниот играч на Челси, Алекс, му е извршена операција на срцето. 39-годишниот Бразилец ја заврши својата играчка кариера во 2016 година, а претходно играше за голем број европски тимови како ПСВ Ајндховен, Пари Сен Жермен и Милан.
Еден од поранешните клубови на дефанзивецот, бразилскиот Сантош, на социјалните мрежи објави видео порака од Алекс од неговата болничка соба, без да соопшти во која болница се наоѓа.
„Сакам да ги демантирам информациите дека имав срцев удар. Пред неколку дена ми беше дијагностициран здравствен проблем и лекарите решија да ме оперираат. Само што ја напуштив собата за интензивна нега и ќе останам во болница неколку дена“, изјави Алекс.
Бразилецот со клубовите во кои настапуваше има освоено национални титули во Бразил, како и во Холандија, Англија и во Франција. Во 2007 година со бразилската репрезентација ја освои Копа Америка, а во 2012 со тимот на Челси триумфираше во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија
