Connect with us

Економски експерти пресметаа: Трансферот на Роналдо Назарио од Барса во Интер сега би чинел 380 милиони фунти

Трансферот на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен е најголемиот трансфер на сите времиња. Сепак, секоја ера носи свои финансиски параметри, а инфлацијата е нешто што мора да биде вклучено при секој трансфер, посебно од оние во минатото.


Економските експерти пресметале дека трансферот на Нејмар, согледувајќи ги сите параметри и разликата што го носат различните периоди во историјата на фудбалот, е рангиран дури на осмото место.

Најголем трансфер на сите времиња е заминувањето на Бразилецот Роналдо Назарио од Барселона во Интер. Тој тогаш чинеше 25 милиони фунти, а во сегашно време би чинел неверојатни 380 милиони фунти.

Потоа следат трансферите на Диего Армандо Марадона и на Мишел Платини.

Еве ја листата на најскапи трансфери, претворени во сегашни параметри, согласно инфлацијата .

  1. Роналдо (од Барса во Интер) – 25.000.000 фунти, со инфлација 380.000.000 фунти
  2. Марадона (од Барса во Наполи) – 6.000.000 фунти, со инфлација 300.000.000
  3. Платини (од Сент Етјен во Јуве) – 3.000.000, со инфлација 295.000.000
  4. Виери (од Лацио во Интер) – 41.000.000, со инфлација 295.000.000
  5. Ван Бастен (од Ајакс во Милан) – 1.000.000, со инфлација 289.000.000
  6. Батистута (од Фиорентина во Рома) – 32.000.000, со инфлација 247.000.000
  7. Игуаин (од Наполи во Јуве) – 79.000.000, со инфлација 232.000.000
  8. Нејмар (од Барса во ПСЖ) – 199.000.000, со инфлација 199.000.000

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови