Белгијците не успеаја ниту да се израдуваат на пласман во четвртфиналето на Европското првенство со оглед на повредите на Еден Азар и на Кевин де Бруин. Сепак, „црвените ѓаволи“ се надеваат дека Де Бруин ќе се врати навреме за да се соочи со Италија в петок. Малку посериозна е ситуацијата со Еден Азар.
Де Бруин очекува дека ќе биде подготвен за претстојниот четвртфинален натпревар, бидејќи се чувствува подобро. Тој го повреди скочниот зглоб и го напушти мечот самоиницијативно на почетокот на второто полувреме. Првичните прогнози беа песимистички, но според новите информации, се чини дека ќе биде конкурентен за настап. Ѕвездата на „граѓаните“ треба да почека на дополнителни тестови, кои ќе ги направи утре, бидејќи зглобот сè уште му е отечен.
Еден Азар стравува дека претрпе сериозна повреда на бутниот мускул и тестовите треба да откријат колку е проблематична состојбата откако синоќа побара замена во 87. минута од дуелот. Тој најверојатно нема да биде во конкуренција за натпреварот против Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













