
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, призна дека неговиот тим не може да се споредува со ривалите од Премиер – лигата, Манчестер Сити и Арсенал, со кои моментално ги дели позициите во Топ 3 на табелата.
Манчестер Сити е лидер со 12 бода по четири кола, додека Арсенал и Њукасл имаат по 10 бода, на втората и третата позиција.
Њукасл се подготвува за гостувањето кај Фулам во петтото коло на Премиер лигата, а Хау изјави:
„Не гледам како можеме во моментов да се споредуваме со Сити и Арсенал. Но, нашата цел е да стигнеме до таму. Целта е да ја намалуваме дистанцата секој ден, секоја недела. Тоа е она на што работиме. Сакаме да останеме смирени и да се обидуваме да победиме во секој натпревар. Следниот дуел е секогаш она на што се концентрираме“, истакна Еди Хау.
Менаџерот на Њукасл потврди дека напаѓачот Александер Исак е под знак прашалник за гостувањето кај Фулам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
