Бразилскиот голман Едерсон (28) потпиша нов договор со Манчестер Сити. Одличниот чувар на мрежата се договори за нова петгодишна соработка и ќе остане во клубот до јуни 2026 година.
Бразилецот истакна дека е многу задоволен што останува во клубот каде што е од 2017 година.
„Го очекував ова откако разговарав со клубот. Се фокусирав на играта, агентот завршуваше се со клубот. Мило ми е што постигнавме договор. Многу сум среќен во клубот и во овој град заедно со моето семејство. Задоволен сум што мојата напорна работа е препознаена. Ќе продолжам да работам напорно за да освојуваме нови трофеи“, истакна бразилскиот голман.
🗣 "I’m very happy at the club, in this city and my family has settled in very well"@edersonmoraes93 shares his thoughts following his new long-term deal! 💪
— Manchester City (@ManCity) September 1, 2021
🔷 #ManCity | https://t.co/axa0klD5re
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal