Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги објави одлуките на Дисциплинската комисија која заседаваше по завршеното 23-то коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Најголемо внимание во јавноста предизвикува одлуката за суспензија на тренерот на Силекс, Александар Васоски, кој доби казна од еден натпревар поради добиениот црвен картон по завршувањето на натпреварот против Вардар, за неспортско однесување.
Исто така, Дисциплинската комисија донесе одлука за суспензија од два натпревари за капитенот на Брера, Мартин Ѓоргиевски, кој беше исклучен на дуелот против Гостивар во Скопје.
Суспензија од еден натпревар добија: Илија Донов (ФК Силекс), Бесмир Даци (ФК Шкупи), Константин Чешмеџиев (ФК Гостивар) и Александар Васоски (тренер на ФК Силекс).
Суспензија од два натпревари добија: Мартин Ѓоргиевски (ФК Брера А.П.), Блаже Јанакиевски (тренер на ФК Башкими) и Љупчо Симовски (тренер на ФК Осогово).
Дополнително, Дисциплинската комисија поведува дисциплинска постапка против ФК Башкими, поради употреба и фрлање пиротехнички средства на натпреварот против Охрид Лихнидос, како и против ФК Вардар, поради употреба на пиротехнички средства од страна на нивните навивачи на натпреварот против Силекс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













