Connect with us

Еден месец до почетокот на Мундијалот во Катар

Останува точно еден месец до почетокот на Светското првенство во фудбал во Катар. Мундиналот ќе започне на 20 ноември со натпреварот меѓу домаќинот и Еквадор.


Осум стадиони во Катар ќе бидат домаќини на 64 натпревари од првенството, а сите се опремени со системи за климатизација кои ќе одржуваат температура од околу 20 степени. Најискористен објект ќе биде стадионот „Lusail Iconic“ со капацитет од 80.000 луѓе во Лусаил, кој ќе биде домаќин на десет натпревари, вклучувајќи го и финалето на 18 декември.

Воведниот натпревар ќе се одигра на стадионот Ал Баит во Ал Хор.

Ова ќе биде 22. издание на планетарниот шампионат и прво што ќе се одржи во зима, како и прво на кое домаќин ќе биде земја од арапскиот свет. Ова воедно ќе биде последно Светско првенство на кое ќе учествуваат 32 селекции, бидејќи по четири години на завршниот турнир во САД, Канада и Мексико ќе учествуваат 48 селекции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови