Легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев, смртоносната „деветка“ на Вардар, Црвена Звезда, Интер, од вечерва е тема на документарниот филм насловен „Патот на Кобра до ѕвездите“, кој ја имаше својата премиера во Скопје.
На свечената церемонија се присутни и Драган Стојковиќ Пикси, Дејан Савичевиќ, Стеван Стојановиќ, Слободан Маровиќ…, претставници на генерацијата на Црвена Звезда која ја освои европската титула, како и Мето Спасовски, Кочо Димитровски, Васил Рингов, Илија Најдоски, Драги Канатларовски, Вујадин Станојковиќ, Томче Трајановски, Ѓоре Јовановски, селекторот Благоја Милевски, и многу други вардарци и прославени имиња од фудбалскиот и културниот живот во Македонија и во поширокиот регион.

Еден од најдобрите напаѓачи во поранешна Југославија, кој своевремно беше и „Златна копачка на Европа“, а ја освои и европската клупска круна со Црвена Звезда, доби пригодни подароци, најновите дресови на фудбалската репрезентација на Македонија и на Црвена Звезда, од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, и од Бошко Ѓуровски.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













