Connect with us

Двојно поголема плата за Винисиус Жуниор во Реал Мадрид

Шпанскиот гигант Реал Мадрид подготви нов договор за бразилскиот интернационалец Винисиус Жуниор. Тој ќе добие двојно зголемување на платата, со оглед дека се промовираше во еден од најдобрите играчи на „кралевите“ оваа сезона, а според актуелниот договор заработува „само“ 3,2 милиони евра годишно.


Вини Жуниор ќе ја продолжи соработката со клубот до 2026 година, за дополнителни две сезони од тоа што предвидува актуелниот договор и ќе добие двојно поголема плата и дополнителни бонуси. Во новиот договор ќе има и откупна клаузула од една милијарда евра.

Реал Мадрид на лето го очекува доаѓањето на Килијан Мбапе, а се бори и за ангажманот на Ерлинг Халанд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови